Новогодишната ноќ не многу студена, стабилна, сува и маглива и загадена по котлините, но веќе од понеделник навечер, а особено од вторник полека времето кај нас ќе започне да се менува и најпрвин ќе има локални врнежи од дожд, но и сеуште натпросечно високи температури на воздухот како и до сега.
Се поизвесно е дека веќе од Божиќ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе пристигне силен поларен бран кој ќе ни донесе екстремно ниски температури на воздухот и многу снег:
Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе имаме околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри. Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран.
Во нашиот регион (Балканот) очекуваме температурите понекаде да се спуштат дури до околу -25 степени, а во Алпскиот регион и под -30 степени.
Напомена: Нови, и по потреба обновени анализи ќе објавуваме и понатаму околу ова, и тоа како што ќе доаѓаат новите ажурирања, а со нив се можни и измени во анализите, затоа останува да следиме, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.