Ограничувањето на цената на руската нафта до 60 долари за барел, согласно договорот на ЕУ, Г7 и Австралија, денеска стапува во сила, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.
Горната граница се однесува на нафтата што Москва ја извезува по морски пат во светот.
Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на државите од Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари.
Бидејќи клучните светскибродски и компании за осигурување се лоцирани во земјите на Г7, ограничувањето на цената може да и отежне на Москва да продава нафта за повисока цена
Но, Москва соопшти дека нема да ја почитува одлуката, дури и ако треба да го намали производството.
kurir.mk