Големиот влажен бран кој ќе ја зафати територијата на Македонија утре попладне и навечер, како и во вторник и истиот е поврзан со длабокиот циклонски систем кој е со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места кај нас ќе донесе обилни врнежи од дожд на пониските места ( локално ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен воден талог), и снег на планините, како и на некои повисоки населени места кои се на надморска височина од околу 1000 метри, но не смее да се исклучи можноста снежната граница да се спушти и нешто под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од Македонија, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Од денес нов влажен бран кој ќе донесе воден талог од над 30 литри, а на планините снег и над 25 сантиметри!
