Под влијание на брз студен фрон од север, утрешната ноќ, како и понеделник во Македонија ќе имаме поголема промена на времето, проследена со врнежи од дожд, како и снег на планините, особено во северните и во западните предели од државава. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер, најпрвин од јужен и од југозападен, а во понеделник од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Температурите позначително ќе опаднат, но за среќа на земјоделците и овоштарите, појава на нов мраз и покрај овој брз студен фронт од север не се очекува, што значи дека набрзо, односно од вторник се враќаат пролетните, а по се изгледа за време на следниот викенд ќе имаме и рано – летни температури на воздухот (над 25 степени).
ОБЈАСНУВАЊЕ: Овие нагли промени на времето, проследени со брзи студени Атмосферски фронтови се нормални за овој период од годината. Но истите со нивното преместување кон која била област, овој пат над Балканот и Македонија предизвикуваат силни ветрови со поголема брзина, а неретко можат да направат и материјални штети, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.