Државниот инспекторат на Хрватска соопшти дека се повлекува еден вид пегла за коса поради опасност од струен удар.
Станува збор за пегла од марката Maxhof (Maxhof GRUPPE d.o.o., Poduzetnička zona Dusine 32, 76270 Orašje, Босна и Херцеговина).
Недоволната дебелина на изолацијата или бројот на слоеви може да доведе до ризик од електричен удар.
Надворешните делови на прекинувачот се во контакт со пластичното куќиште на уредот. Човек може да допре дел од производот кој е под висок напон и постои можност да дојде до струен удар, објаснува DIRH.
извор: (Jutarnji list)