Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за ЕСМ Енергетика (5,17%) и Скопје Север – Енерџи Еко Линк (5,25%) ќе се зголемат за околу 5 %.
„Кога ја соопштивме цената за најголемиот систем преку кој со парно се снабдуваат над 95% од домаќинства, најавивме дека и овие две компании имаат поднесено барање за корекција на цената. Познато е дека поради комплексните геополитички случувања цената на природниот гас на светките берзи е зголемена, поточно во последниот квартал од минатата година имама раст од 16 % што е и главна причина и за оваа одлука. Овие две компании доставија барање за корекција на цената во текот на месец февруари, по што РКЕ изврши соодветни анализи и врз основ на тоа донесе Одлуки за корекција на цената за потрошувачите на топлинска енергија за ЕСМ Енергетика и Скопје Север – Енерџи еколинк, која ќе стапи на сила од 1 март. Станува збор за вкупен конзум од 2 500 потрошувачи“, посочи Марко Бислимоски.
4news.mk