Од утре, Канада воведува царини за одредени американски производи

Од утре, Канада воведува царини за одредени американски производи како одговор на „неоправданите и неразумни“ царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за челик и алуминиум.

На 29,8 милијарди канадски долари (18 милијарди евра) американски увоз ќе бидат воведени царини од 25 отсто, изјави за новинарите канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк.

Ова особено ќе се однесува на компјутерите, спортската опрема и производите од леано железо.

Од денеска стапи на сила американските тарифи за 25 отсто за челик и алуминиум.

Европската комисија најави дека од 1 април ќе применува „пропорционални“ царини за низа американски производи, како одговор на зголемувањето на царините во САД.

Зголемувањето на царините, побарано од Трамп, е нова фаза во трговската војна меѓу Вашингтон и неговите главни партнери.

 

 

4news.mk