Од утре Русија ја прекинува испораката на гас за Финска

Русија ја извести Финска дека ќе го запре протокот на природен гас во земјата од сабота наутро, соопшти финската веледрогерија Гасум, која е во државна сопственост.

Компанијата одби да му плати гас на руски Газпром во рубли, како што Москва претходно побара од европските земји.

„Навистина е жално што испораките на природен гас ќе бидат прекинати сега и покрај нашиот договор за снабдување“, рече извршниот директор на Гасум, Мика Вилјанен.

makfax