Според најновите ажурирања на нумеричките модели, силен удар на зимата, како и продор на поларна воздушна маса од Арктикот кон Балканот и Македонија се очекува од 20 февруари па во деновите потоа, секако со ова очекуваме и снег, температурите би биле континуирано под нулата, а наутро тие понекаде би се спуштале и под -15 степени.
Секако после долг временски период, конечно еве една занимлива ситуација за следење за нас метеоролозите, а одлична вест за лубителите на зимата и за скијањето. Секако шансите за ова да се оствари се помали од 50%, и тоа се додека не се вклопат со оваа информација сите нумерички модели, но еден од најажурните нумерички модели токму од вечерва започна да го црта ова зимско сценарио. Понатаму многу повеќе детали, секако доколку не дојде до некои промени.
Се надеваме дека конечно оваа зима ќе си го покаже своето вистинско лице, пишува во својата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.