Речиси 2.000 куќи беа уништени во силниот земјотрес што погоди оддалечена област во Авганистан каде што недостатокот на машини за отстранување урнатини ги забавува спасувачките операции, изјави хуманитарниот координатор на ОН Рамиз Алакбаров. Тој рече дека просечно авганистанско семејство има најмалку седум, осум члена и дека се случува неколку семејства да живеат под ист покрив. Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала завчреа ја погоди изолираната погранична зона во југоисточен Авганистан, при што загинаа најмалку 1.000 луѓе.
Радио Слободна Европа