Со богата свечена приредба која се одржа вчеравечер, ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник.
Пред бројната публика, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ беа изведени бројни музички композиции подготвени од оркестарот и хорот на училиштето. Исто така, публиката имаше можност да ги слушне првонаградните литературни творби на училишниот конкурс посветен на патронот и да ја проследи монодрамата „Јас, Деспина Каваја“.
Во рамки на свечената програма беше изведен мјузиклот „Шеќерна приказна“, како и неколку танцувачки точки, на кои настапија учениците од одделенска и предметна настава, подготвени од страна на нивните наставници.
На свеченоста во името на Локалната самоуправа присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.