Денес од пладневните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира во западните и во југозападните предели од Македонија, каде ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради енергијата во Атмосферата локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси (невреме), проследено со интензивен пороен дожд, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен. Токму поради ова апелираме на крајна внимателност, особено при појава на силни и чести електрични празнења (да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја).
На следната метеоролошка карта можете да погледнете дека денес попладне нестабилноста ќе биде поинтензивна во западните и во југозападните предели:
Поради локалноста на процесите, нестабилноста на некои места од овие предели (градови) би можела да изостане, односно воопшто да не се појави. Исто така помала нестабилност можна е и во делови од Скопската котлина.
И понатаму останува многу топло, односно температурите нема многу да се менуваат во споредба со вчерашните.
meteoalarm.mk