Оперирани деца и возрасни со кревети се пренесуваат од оддел на оддел со лифтови, заедно со граѓани што доаѓаат во посета

Оперирани деца и возрасни со кревети се пренесуваат од оддел на оддел со лифтови, заедно со граѓани што доаѓаат во посета и медицински персонал, поради проблеми со специјализираните лифтови за пациенти, објави „Канал 5“.

Во хирургија при државна болница пациенти реагираат дека на оперираните и најмала бактерија може да им го доведе животот во опасност.

Од службата за заеднички работи кои се одговорни за функционалноста и одржувањето на лифтовите за „Канал 5“ потврдуваат дека проблем има, иако тврдат дека се прави редовен сервис.

Има дефект на еден од двата лифта во стариот дел и еден од четири лифта во новиот дел. По повик од клиниките дека има застој, веднаш е повикана фирмата која ги сервисира лифтовите. Очекуваме брзо отстранување на дефектите“, велат од службата.

извор: „Канал 5