Беким Дервиши, живееше под кирија во куќа која пред неколку месеци беше опожарена. Тој сега повторно е под кирија, но како што вели, нема финансии за да ја плаќа. Доколку не ја плати месечната кирија уште еден месец, ќе биде принуден да излезе на улица заедно со неговата мала ќерка.
-Каде што престојуваме плаќаме кирија, вода и струја 3.000 денари, а киријата чини 1.500 денари, струјата, водата по 300-400 денари. Онаму каде што живеевме порано беше подобро. Понекогаш кога немав пари, доцнев со плаќањето, кога ќе имав тогаш давав, а тука ми бараат веднаш. Ми дозволија да останам уште еден месец. Должам 150 евра за кирија и струја, вели Дервиши.
Беким уверува дека општина Тетово му ветила помош, но досега не добил ништо.
БЕКИМ ДЕРВИШИ
ГРАЃАНИН
-Општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами не ми понуди ништо, ниту работа, ниту пак нешто друго. Изгореа и парите што ги имав собрано од луѓето што ми помогнаа. Биљал Касами не ми помогна со ништо, ниту ми понуди работа, ниту пари. Барем да ми ги дадеше парите што изгореа во пожарот. Ништо немам, рече Дервиши.
Беким вели дека се сретнал еднаш со Касами и неколкупати со претставници од неговиот кабинет, но не успеале да изнајдат никакво решение за проблемот. Еве што изјави на 28 јануари градоначалникот Биљал Касами кога ги посети опожарените куќи:
-Дозволете ми да им се заблагодарам на пожарникарите кои во овие зимски услови со голема брзина го заштитија животот на луѓето кои во моментот на пожарот беа дома. Секако дека ние ќе се погрижиме да бидеме покрај оштетените и да ги сместиме.
Во однос на случајот на Беким Дервиши, став побараме и од општина Тетово, од каде ни рекоа дека на лицето му била понудена работа, но дека тој ја одбил, рече Касами.
-Во врска со лицето Беким Дервиши, чија куќа во која престојувал под кирија изгоре во пожарот во населбата „Колтук“, градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, му понуди помош, односно работно место. Лицето не го прифати работното место со образложение дека не е во состојбата да работи. Исто така, градоначалникот Касами истакна дека ќе му обезбедиме работа за која нема да има пречки при работа!, велат од Општина Тетово.
Во јануари голем пожар зафати три куќи во Тетово, поради што неколку семејства останаа на улица, меѓу кои и на Беким Дервиши.
извор/фото: Тв21