Општина Центар поднесе жалба по однос на предметот со кој Подрачното одделение на Управата за имотно правни работи го одзема правото на користење на државно земјиште на општината, информираше градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
-При целата постапка Општина Центар како траен корисник на дел од државното земјиште морала да биде прашана за согласност пред било каква одлука или постапка од страна на институциите. Во овој случај при постапката Општина Центар е заобиколена поради што жалбата се однесува на нерегуларности во постапката од страна на Управата. Инаку се работи за катастарската парцела бр.11843/2, на атрактивно земјиште во Центар, во непосредна близина на зградата „Тифани“.Мојот став и ставот на општината е јасен, нема да дозволиме злоупотреба на ниту една педа државно земјиште, вели Герасимовски.