Општинското основно музичко училиште во Струга работи „на црно“ – кој дал дозвола?

Трудовата инспекција утврди дека сите наставници во Општинското основно музичко училиште во Струга држат часови на црно. Немаат засновано работен однос со установата согласно член 13 став 7 од Законот за работни односи, потврдија денеска за Алсат од Државниот инспекторат за труд. Наставниците таму држат часови уште од 2021 година, а од тогаш до сега сите од нив не земале ниту една плата, објави Алсат.

„Издадена е инспекциска мерка, наредба, со којашто на работодавачот, Општинското основно музичко училиште Струга му се наредува да заснова работен однос со 14-тте наставници во рок од 8 дена. За сторениот прекршок изречена му е глоба во зависност од големината на правниот субјект. Ова е работа без регулиран работен однос, што претставува работа на црно затоа што работниците работат без да се пријават во задолжително социјално осигурување“, рече Весна Томоска, директорка на Државниот инспекторат за труд.

Но, кој дозволил училиштето да почне со работа без да се обезбедат пари и согласности од надлежните институции?

Текстот во целост на: Алсат