Оскаровецот Шон Пен снима документарец за руската воена интервенција во Украина

Познатиот актер и режисер Шон Пен престојува во Украина поради снимање на документарен филм за воената интервенција која Русија ја спроведува во таа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од Кабинетот на претседателот на Украина на Фејсбук е соопштено дека оскаровецот Пен останува во Украина и дека ќе снима филм за рускиот напад на Украина.

Во соопштението се наведува дека Пен, во рамките на своите активности се состанал со украинската вицепремиерка Ирина Верешчук и дека разговарал со бројни новинари и воен персонал.

„Познатиот актер и режисер пристигна во Киев за да ги сними случувањата и на светот да му ја покаже вистината за нападот на Русија врз Украина. Шон Пен покажува храброст која други, особено западни политичари, не ја поседуваат“, се наведува во соопштението.

Пен во ноември 2021 година ги посети позициите на украинската војска во близина на регионот Доњецк за документарецот кој го подготвува за активностите на Русија врз тој регион.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:

14 hours ago

Variety