Османи: Ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100 отсто сме во хармонизација со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на ТВ Алсат синоќа најави дека и „Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија“.

Тој нагласи дека од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, откако не бевме дел од НАТО. Османи нагласи и дека во случај на конфликт во Европа, ќе имаме импликации во однос на гасот и нафтата и покачување на цените.

Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100 отсто сме во хармонизација со Европската Унија“, рече Османи во ТВ емисијата 200.

Инаку ЕУ вчера попладне едногласно донесе одлука за санкции против Русија по завчерашната одлука на Москва да ја признае независноста на двата региона во источна Украина, Донецк и Луганск.