Османи: Од 120 мапирани наши граѓани во Украина околу 80 проценти се евакуирани – 20 наши граѓани не сакале да бидат евакуирани

Од 120 мапирани наши граѓани во Украина околу 80 проценти се евакуирани, кажа денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Има 8 граѓани кои бараат евакуации од нив четворица се наши државјани, другите 4 лица се Украинци кои имаат роднински врски со нашата земја. Има уште 20 лица кои не бараат евакуација ќе ги споменам со букви семејството Т кое има три лица имаат возила, но не скаата да се евакуираат, семјствот А со три лица исто така…, кажа Османи.

Тој напомена дека за останатите 20, нема да прават напори да ги евакуираат се додека не добијат барање од нив дека сакаат да бидат евакуирани.