Осми ден нема трага од 28-годишниот Миле Тодоров

Полицијата сеуште трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино кој исчезна на 30. јануари. Она што е досега е пронајдено е неговиот телефон кој е најден во близина на реката Луда Мара.

Во потрагата учествува полицијата, нуркачи, кучиња трагачи, доброволци, се бара со дронови, а беше ангажиран и хеликоптер. Дел од блиските ги посетиле манастирите и црквите во Тиквешијата, но засега нема трага од момчето.

Тодоров дал отказ на работа во Кавадарци и тргнал пешки кон Неготино. Кај Марена му се губи трагата. Во моментот на исчезнувањето, Миле бил облечен во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Висок е висок 185 цм.

Доколку имате било какви информации за Миле Тодоров, јавете се на полицијата веднаш или на следниве броеви: 078/909-481 и 075/691-727.