Суспендираната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска на која следниот месец и истекува мандатот, денеска изјави дека веќе поднела кандидатура за втор мандат, објави slobodnaevropa.mk.
Таа ова го објави денеска по давањето исказ во Обвинителството за кривичната пријава која против неа ја поднесе поранешниот директор на Управата за Финансиска полиција Арафат Муареми.
„Очекувам колегите да ме подржат во кандидатурата и да гласат за мене“ изјави кусо таа.
Во интервју за РСЕ лани во септември, Русковска рече дека нема да се кандидира за нов мандат.
„Не, според новиот Закон за Јавно обвинителство единствено шефот за гонење на организиран криминал и корупција се избира на непосредни избори, така што немам намера воопшто да конкурирам, односно да водам кампања за мој реизбор“, изјави Русковска.
Обвинителката вели дека ако повторно има шанса да направи претрес во Финансиската полиција, пак, би го сторила истото. Таа е осомничена по покрената истрага за фалсификување на исправа и наводна злоупотреба на службена должност и овластување. Според неа денешниот распит е вид на притисок.
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk.
фото: slobodnaevropa.mk.