Во полициската управа Ново Сараево било пријавено дека на улица во населбата Врача било оставено бебе. На терен била испратена полиција и екипа на Заводот за итна медицинска помош.
Било утврдено дека детето е живо, а потоа било пренесено во Универзитетскиот клинички центар во Сараево на дополнителни испитувања, пренесува „Независне“.
„Полицијата на кантонот Сараево околу 11 часот била известена дека на улицата Дервиш Нумиќ, општина Ново Сараево, на зелена површина има оставено новороденче. За горенаведеното е известен Заводот за итна медицинска помош на кантонот Сараево, чија екипа го транспортирала во Клиниката за детски болести на Универзитетската болница Сараево, каде што е задржано. За сè е известен дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, кој овластил полициски службеници да извршат истрага на местото каде што е пронајдено новороденчето“ – соопшти тамошното МВР.
Полицијата работи на расветлување и документирање на сите околности поврзани со овој настан.
Почна префрлањето на затворениците, албански државјани, од британските затвори кои казната ќе ја доиздржувааат во албанските затвори. Првиот трансфериран затвореник…
Месната заедница Галичник повеќе пати испраќа апел до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство…