ЕДИРНЕ (АА)
– Ѓокхан БАЛЧИ
Во текот на втората етапа од реставраторските работи на Македонската кула во Едрене, откопани се многу урнатини, меѓу кои и капела која датира од 10 век, пишува Анадолу.
Продолжува втората фаза од реставраторските работи што Министерството за култура и туризам на Туркије ги започна во 2021 година.
Во кулата се изведени ѕидни и земјени георадарски истражувања и се применува зацврстување на камените ѕидови со инјектирање материјал во нивните шуплини.
Исчистени се тревата, растенијата и дрвенестите корени кои ги оштетија артефактите на археолошкиот локалитет и главната структура на кулата, а површините од тули, урнатини и цементен малтер и малтерот во спојниците откриени на археолошкиот локалитет, по чистењето се заменети со оригинални споеви и малтер.
Дополнително, од областа се отстранети опасните далноводи и неовластени и нелегални доградби.
– Пронајдени се многу остатоци од културно наследство
Како резултат на ископувањата извршени во археолошкиот локалитет, пронајдени се темели од доградбата на капелата којка потекнува од 10 век, византиска керамичка печка, отомански простор за чување храна кој датира од 1908 година, инфраструктурниот систем од отоманското доба и остатоци од домови од доцниот отомански период.
Регионалниот директор за култура и туризам, Кемал Сојтурк за АА изјави дека продолжуваат реставраторските работи на Македонската кула, кои прецизно ги изведува турското Министерството за култура и туризам.
Сојтурк рече дека кулата, сместена меѓу објектите, е дел од златниот триаголник во кој се џамиите „Селимије“, „Уч Шерефели“ и „Ески“ и истакна дека сакаат на кулата, која носи траги од различни цивилизации, да ѝ ја вратат нејзината поранешна слава.
Изразувајќи дека добиле важни податоци во втората фаза на реставрацијата, Сојтурк рече:
„Тука најдовме простор за чување храна, византиски ѕид, римски ѕид. Има отомански ѕид. Како што рече нашиот министер, тоа што Галата кулата е за Истанбул, истото тоа за Едрене е Македонската кула. Нашата крајна цел е да создадеме простор за гледање од оваа кула, со нејзината тераса и археолошки парк, каде што ќе се видат богатите културни цивилизации кои минувале низ Едрене.“
Сојтурк изјави дека до кулата, која ја зајакнале во елиптична структура, ќе се пристапува со лифт поставен во внатрешноста на кулата.
Зборувајќи дека при качувањето во кулата со лифт ќе можат да се видат фотографиите поставени на ѕидовите, Сојтурк рече: „Можноста домашните и странските туристи да ги видат културните цивилизации што го основале Едрене и фотографиите од овие цивилизации додека се качуваат на терасата со транспарентен лифт, според мене е една од најголемите инвестиции на нашето Министерство за култура и туризам.“
Сојтурк рече дека и надворешните фасади на зградите во улиците околу кулата ќе бидат симнати и реставрирани и додаде дека сакаат да ги национализираат нерегистрираните објекти, со цел да му се даде идентитет на плоштад.
– Македонска кула
Македонската кула е изградена од Адријан (познат како Публиј Елиј Трајан Адријан), кој владеел со Римската империја во периодот од 117-138 година, и е единствениот преживеан пример на кулите од ѕидините околу старото Едрене. По 1867 е позната како ‘саат кула’ откако Хаџи Изет-паша, гувернерот на Едрене во тоа време, кулата ја надградува со дрвени катови и на неа поставува часовник. Извесен период била користена и како кула за набљудување пожари. По земјотресот во 1953 година, доградените катови и часовникот на кулата претрпуваат сериозни оштетувања, по што е поднесен извештај и со образложение дека објектот ја нарушува естетиката на градот, кулата е срушена со динамит.
Кулата е обновена во 1990-тите. Во околината на кулата, Музејот на Едрене спроведе ископувања во 2002 и 2003 година.
Проектот „Реставрација на старата саат-кула од Едрене“ го започна Министерството за култура и туризам на Туркије во 2021 година.