Ракетата Чангженг (Long March 5B) од 23 тони се врти надвор од контрола во моментов и се очекува да удри во Земјата во недела – но никој не знае точно каде.
Ракетата беше лансирана во орбитата пред четири дена. Во него е сместен Ventian, кабина со серија лаборатории за микрогравитација, поврзани со централен модул во кој се сместени кинеските астронаути.
Our latest prediction for #CZ5B rocket body reentry is:
🚀 31 Jul 2022 00:25 UTC ± 16 hours
Reentry will be along one of the ground tracks shown here. It is still too early to determine a meaningful debris footprint. Follow this page for updates: https://t.co/SxrMtcJnj0 pic.twitter.com/Xtmy26a7QF— The Aerospace Corporation (@AerospaceCorp) July 27, 2022
Иако портпаролот на кинеската влада, Жао Лиџијан, рече дека „повеќето делови од проектилот ќе изгорат во атмосферата“, а официјалниот став на Пекинг е дека опасноста е „исклучително мала“, не може да се игнорира можноста ракетата да слета во населено место.
Ова веќе се случи, при првото такво лансирање во 2020 година. Потоа делови од ракетата паднале на Брегот на Слоновата Коска и погодиле неколку куќи.
При второто лансирање на ракетата минатата година, делови од неа паднаа во морето во близина на Малдивите.
фото: TWITTER