Осуда за односот на Ковачевски и Битиќи од сите новинарски здруженија, колегите новинари и ААВМУ

Не постојат некоректни прашања, постојат некоректни одговори . Избраните и именуваните лица додека земаат државна плата се должни да стојат и да слушаат новинарски прашања – новинарските здруженија и познавачите остро го осудија односот на вицепремиерот и Премиерот кон новинар на Алфа Телевизија :

Нејасно е зошто е ваквото дрско однесување на вицепремиерот , кога новинарот јасно укажа дека прашањето се однесува на став дали Ковачевски е спремен ДУИ како партија да добие премиер и претседател а воопшто не беше споменета етничка припадност . Според познавачите ваквата нервоза се должи на тоа што власта не знае како да се справи со моменталната политичка ситуација.

Нема некоректни прашања, има некоректни одговори. Тие се свесни за состојбата во која се наоѓшаат, немаат знаење а немаат ни волја за разрешување на политичката криза . Во комбинација на не знаење и недостатог за волја имате вакво однесување на лица кои се избрани , да може да реагира на вистиснски начин . Потегот на Битиќи е малку дрзок, а е инициран од тоа што се однесува прашањето на ДУИ , а тој како припадниик на албанската етничка заедица очигледно не му се допаѓаат прашањата , коментира Сафет Бишевац во емисијата „ За или против “в на Алфа ТВ

Одговорот кој пак го даде премиерот во кој споменува појава на модерен фашизам предизвикува говор на омраза и прекршување на Уставот реагираат од МАН . Тие бараат обвинителството веднаш да отвори предмет по допрен глас

Битиќи може слободно да се откаже од државната плата и на тој начин нема да мора да ги слуша прашањата . Очекуваме да се извини на колегата Матеја Петровски . Втората работа е што премиерот одговорајќи на тоа прашање истури еден куп клевети, прекршувајќи го Уставот , прекршувајќи ја европската конвенција . Не само што се нарушува угледот на новинарот туку и се загрозува неговата безбедност, нарекувајќи го Матеја Петровски фашист, го повикувме Обвинителството уште понеделник да постапи , вели Ивона Талевска претседател на МАН .

Новинарските прашања се професионална задача на репортерите, а вчерашното прашање на репортерот од Алфа Телевизија беше искористено од Битиќи за некоректно однесување кон него , реагираа од ССНМ и ЗНМ

 

 

alfa.mk