Државјанин на Србија (37), по потекло од Косово, е осуден во Швајцарија на четири и пол години затвор за кражба на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година, а како што тврди, ги продал на пазар за 150 евра.
Двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо.
Сега им се суди, но од сликите нема трага. Како што се дознава, тие ги продавале на пазар. Украдениот плен е вреден вкупно 75.000 франци.
Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.
-Лажни беа, ги продадов за 150 евра на пазар – рекол разбојникот на суд.
За време на судењето тој беше фатен во чудни изјави, па дури и во еден момент се расплака.
Како што кажа, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Рекол и дека не сака ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството – ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи.
a1on.mk