Јавното Обвинителство определи мерка притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), кој истовремено бил и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.
Хирургот беше упсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28 јануари во просториите на болницата во Битола.
„Осомничениот на 27 јануари како хирург извршил операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра“, соопштија од ОЈО Битола.
slobodnaevropa.mk