Осум месечното бебе Асел Лина Кашхан е петтиот пациент во светот, а прв во Турција, кој е третиран со новиот најнапреден метод наречен: „Генска терапија со автологни хематопоетски матични клетки“.
малото бебе родено без одбрамбен систем, поради што живееше во секојдневна животна опасност од инфекција.
Пациентот е третиран на Оддел за детска хематологија онкологија и трансплантација на коскена срцевина, при универзитетската клиника Ерџиес. Третманот беше спроведен од страна на директорот на одделот Проф. Др. Муса Каракукчу, кој е еден од 8-те научници кои работат на развивање на овој третман на светско ниво!