Откажани сите јавни настани, вклучително и политички собири, спортски натпревари и владини активности по трагедијата во Кочани

Траорна слика утрово пред скопските клиники – телевизијата Сител регистрираше глетки на вознемирени роднини и пријатели кои со нетрпение чекаат вести за состојбата на повредените во катастрофалниот пожар што ноќеска ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Според првичните информации, сите здравствени ресурси се мобилизирани за соодветна нега на хоспитализираните. Голем дел од повредените се во тешка здравствена состојба, а меѓу нив има и деца на возраст од 15 и 16 години.

Во знак на солидарност и жалост, сите јавни настани, вклучително и политички собири, спортски натпревари и владини активности, се откажани.

skopjeinfo.mk