Швајцарскиот министер за економија, Ги Пармелин, денеска соопшти дека се отпуштени сите вработени во компанијата што го осмисли контроверзниот гасовод „Северен тек 2″, јави ДПА.
Министерот Пармелин за телевизиската станица „Вестшвјацер фернзен” изјави дека откази добиле околу 140 вработени во швајцарската фирма „Северен тек 2″.
Реализацијата на проектот за гасоводот до Германија преку Балтичкото Море ја стопираше германскиот канцелар Олаф Шолц, минатата седмица кога Русија најави испраќање војници во Украина.
Долго оспоруваниот проект е меѓу најпознатите комерцијални жртви на украинскиот конфликт. Гасоводот се најде на директен удар на новите американски санкции против Русија, а кризата резултираше и со откажување на Германија од руските фосилни горива.