Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство.Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.–Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.
Related Posts
Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против ДКСК
Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција…
ЕВН: Екипите на Електродистрибуција непречено работат во Арачиново
Екипите на Електродистрибуција вчера излегоа на терен во Арачиново и непречено започнаа со реализација на правата фаза на планот, информираат…
Почина македонскиот писател Сашо Стефановски
Почина македонскиот писател Сашо Стефановски (1965-2023), на домашната јавност познат под псевдонимот Џанго Помалиот. Беше активен блогер, активист и архивар…