Системот за влез/излез (ЕЕС), кој ќе вклучува земање отпечатоци и фотографирање на граничните премини, технички е веќе воспоставен и подготвен за имплементација, а негово активирање на ниво на Шенген зоната, според најавите на Европската Комисијата, е планирано кон крајот на 2025 година.
Ова за Агенција Анадолу го потврдија од Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска.
Имено, почетокот на примената на ЕЕС за земјите од Шенген зоната значително ќе го промени начинот за влез на државјаните, првенствено од земјите на Западен Балкан, како што се Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, но и Молдавија и Украина кога во прашање е Европскиот континент.
„Што се однесува до етапното воведување на системот, имплементацијата зависи од одлуката на Европската комисија. Планот за фазно воведување ќе биде усогласен со европските насоки, а прецизната динамика сè уште не е формално објавена“, нагласија од хрватското МВР.
Се наведува дека системот за влез и излез е тестиран на граничните премини на Република Хрватска за да се осигура дека сите технички аспекти и процедурални протоколи во потполност се оперативни пред почетокот на примената.
Хрватското Министерство за внатрешни работи наведе дека полициските службеници за гранична контрола поминале детална обука за користење на системот, вклучувајќи ги и техничките и оперативните аспекти на новиот начин на вршење на граничната контрола, кој вклучува и обработка на биометриски податоци.
„Хрватска е целосно подготвена за почеток на ЕЕС, но конечниот почеток и начинот на работа зависи од координираната одлука на ниво на Европската унија“, е ставот на хрватското МВР.
Од хрватското МВР истакнуваат дека имплементацијата на овој систем на сите надворешни граници на Европската унија, вклучувајќи ги копнените, поморските и воздушните премини, ќе има клучна улога во следењето на влезот и излезот на државјаните од трети земји, со што значително ќе се унапредат безбедносните стандарди, како и обезбедување поефикасна регулација за краткорочните престои.
Како што се наведува, секој патник од земји што не се членки на Шенген зоната ќе мора да ги дадат своите лични податоци секогаш кога ќе дојдат пред надворешните граници на европските земји користејќи го EES.
ЕЕС ги собира, евидентира и складира податоците наведени во патните исправи (целосно име, датум на раѓање…), датумот и местото на секое влегување и излегување, слика на лицето и отпечатоци од прсти (наречени „биометриски податоци“), како и дали на патникот му е одбиен влезот.
Врз основа на собраните биометриски податоци, ќе се изработат биометриски шаблони кои ќе бидат складирани во Biometric Matching Service (сервис за биометриско совпаѓање).
За граѓаните на земјите кои поседуваат виза за краток престој за влез во Шенген зоната, отпечатоците од прсти ќе бидат сочувани во Визниот информациски систем (VIS) и нема повторно да се складираат во EES.
Секој патник кој ќе пристигне на надворешната граница на ЕУ, односно Шенген зоната, ќе мора да ги даде своите лични податоци. Службениците за пасошка контрола ќе ги скенираат отпечатоци од прсти и ќе ги фотографираат лицата. Овие информација ќе биде регистрирани во дигитална датотека.
Притоа, пасошот на патникот (биометриски или небиометриски) нема да биде заверен.
Овој процес на границата може да биде побрз доколку патникот однапред регистрира некои од своите податоци. Тоа првенствено зависи од тоа дали постои наменска опрема („систем за самопослужување“), дали е достапна на граничниот премин или постои ли мобилна апликација – доколку истата е достапна во земјата на пристигнување или заминување.
Меѓутоа, во кој било од горенаведените случаи, патникот ќе наиде на службеник за пасошка контрола на границата.
Важно е да се напомене дека доколку се одбие да се дадат биометриските податоци, на патникот ќе му биде забранет влез на територијата на европските земји кои користат EEС.
Системот, исто така, ќе регистрира и уште колку дена патникот смее да престојува на територијата на европските земји. Тоа ќе може да се провери со помош на EEС, односно преку EES онлајн алатки.