Охрид како туристичка дестинација ќе се промовира во Турција

Охрид како привлечна туристичка дестинација наскоро ќе биде прикажан на турската НТВ телевизија откако викендов неколкучлена тамошна екипа сними репортажа во градов.
👉 Гостите од Турција се запознаа со културно – историските знаменитости на Охрид и со вкусните охридски специјалитети. Во репортажата ќе бидат опфатени убавините на старото градско јадро со специфичните охридски занаети, копаничарство и охридскиот бисер, а ќе бидат прикажани и убавините на манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Пред екипата од новинари и камермани беше подготвено охридското ѓомлезе, а гостите беа запознаени и со начинот на лов на риба.
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.