Денешниот состанок на директорката Билјана Стефаноска со Улкер Суле Аксој, Генерален менаџер на Туркиш Ерлајнс Скопје отвара можности и иницијативи за превземање активности за поголема промоција и видливост на Македонија на светската туристичка мапа.
Зголемената конекција на македонските аеродроми со повеќе европски дестинации значи поголем промет на туристи.
Очекувањата за туристичката сезона 2025 се оптимистички со воспоставените чартери до Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродром Св. Апостол Павле Охрид, а и податоците покажуваат дека македонските аеродроми бележат раст на бројот на патници.