Oчув претепал бебе во Србија. Очувот на возраст од 20 години е осомничен дека претепал седуммесечно бебе, а само ден пред апсењето објавил слики од бебето на социјалните мрежи на кои се гледаат модринки на лицето на детето, пишува српски Курир. Тој го претепал бебето додека ја праќал сопругата во продавница. Бебето е примено во болница со страшни повреди: фрактура на надлактицата, клучна коска, хематом на главата, скршеници на ребрата и внатрешно крварење. Детето тешко дишело, објави faktor.mk.
Поради тежината на повредите, детето од Краљево е префрлено во Белград, а очувот е уапсен додека бил на шалтерот во болницата каде дошол да се распраша за состојбата на бебето. Мајката дури подоцна признала дека нејзиниот партнер го претепал бебето и и ги нанел повредите.
Пред само неколку дена, А.К на социјалните мрежи објавил видео од бебе во прегратките на неговата мајка И.И.(19).
Во февруари годинава српската полиција уапси маж од Власотинце затоа што до смрт го претепал детето на својата партнерка.
Фото: социјални мрежи
извор: faktor.mk