Падна италијанската влада: Марио Драги ја потврди оставката – избри најверојатно на 2 октомври

Кризата на италијанската влада се уште не е завршена, иако така изгледаше. Премиерот Марио Драги во своето обраќање до министрите најави (повторно) оставка, иако по консултација со претседателот на Републиката Серџо Матарела реши да не ја поднесе.Марио Драги дефинитивно е италијански премиер во оставка, додека новиот, XIX состав на Парламентот на Италијанската Република, што ќе биде избран веројатно на 2 октомври, не му изгласа доверба на новиот премиер, одлука на новото мнозинство.
Вечерва Сенатот му изгласа доверба на Драги, но на таков начин што тој не може да ја прифати без да го изгуби образот, објави Канал 5.

За Владата гласаа 95 сенатори, 33 против – а останатите, од вкупно 321 член на Сенатот, или не гласаа, или не беа ни во салата. Дел од нив останаа во собраниската сала само заради кворумот. И така, нималку брилијантно, пропадна XVIII состав на италијанскиот парламент.

Утрово, Драги во мирен, но остар говор побара обновување на националниот пакт што го донесе во палатата Чиги минатиот февруари. Тој поднесе оставка пет дена порано бидејќи една од групите во владината коалиција – Движење 5 ѕвезди – одби гласање за доверба на владата. Серџо Матарела, претседателот на Италијанската Република, ја одби неговата оставка и го врати Драги прво во Сенатот, а потоа во Домот на пратеници, за да побара гласање за доверба. Патот дефинитивно е завршен веќе во првата фаза, во Сенатот. Таму, вечерва, не само 5 ѕвезди кои одбија да гласаат, туку и целиот „владин десен центар“, односно „приватната“ либерална Форца Италија на Берлускони и суверенистичката Лига предводена од Матео Салвини. Притоа, претставникот на Лига одржа говор типичен за изборна кампања, јасно покажувајќи од каде дува ветрот.

Драги немаше друг избор освен повторно да се искачи на ридот Квиринале во 20:30 часот и да му ја потврди оставката на претседателот Матарела. А Матарела нема друг избор освен да ги распушти парламентарните домови во наредните денови. Изборите мора да се одржат во рок од најмалку 50, а најмногу 70 дена потоа. Првата недела од есента е 25 септември, но не е соодветна бидејќи тогаш е Рош Хашана, еврејската Нова година. Затоа изборите би се одржале на 2 октомври.

Новата влада може да биде формирана неколку недели подоцна, веројатно во ноември.

извор: Канал 5