Падна и газдата на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски

Покрај Ратко Капушевски, сопственикот на РКМ приведен е и Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја води истрагата во која се испитуваат злоупотреби при набавка на деривати.

РКМ на Капушевски и на Ерџан Сулкоски добиваше набавки на мазут вредни десетици милиони евра од државните елктрани за ТЕЦ Неготино, за време на енергетската криза.

Со истрагата се опфатени и повеќе возачи. Од Oбвинителството потврдија дека истражните активности се во тек.

извор: РЕПУБЛИКА