Пад на продажбата на паметните телефони на Епл и Самсунг

Продажбата на паметни телефони на Епл и Самсунг во последниот квартал од 2024 година се намали за 4,1 отсто, односно за 2,7 отсто, во споредба со истиот период претходната година, покажуваат податоците на истражувачката компанија Интернешнал дата корпорејшн (ИДК), јавува Анадолу.

Во меѓувреме, глобалната продажба на паметни телефони се зголеми за 2,4 отсто, достигнувајќи 331,7 милиони единици во последниот квартал од 2024 година, во споредба со овој период во 2023 година.

Во текот на 2024 година глобалната продажба се зголеми шести последователен квартал, достигнувајќи 1,24 милијарди единици, што претставува раст од 6,4 отсто на годишно ниво.

Се истакнува дека иако Епл и Самсунг и понатаму ги заземаат првите две места на пазарот на паметни телефони во четвртиот квартал и во текот на цела 2024 година, нивната годишна продажба е намалена, а нивниот пазарен удел опадна поради експанзијата на кинеските производители.

Според податоците на ИДК, Епл го задржа првото место со пазарен удел од 23,2 отсто во последниот квартал од минатата година.

Самсунг е на второ место со удел од 15,6 отсто, а кинеската Шаоми зазеде трето место со 12,9 отсто.

Кинеските компании Трансион и Виво го поделија четвртото место, со пазарен удел од 8,2 отсто поединечно.

извор: АНАДОЛИЈА