Пад на сите три главни берзански индекси на Волстрит

Американските пазари денеска отворија пониско ниво, со пад на сите три главни берзански индекси на Волстрит.

Dow Jones падна за 611,5 поени или 1,51%.

S&P 500 забележа пад од 103,7 поени или 1,90%, додека Nasdaq Composite отвори со пад од 489,5 поени или 2,86%.

Овој пад дојде еден ден по силниот скок на акциите, поттикнат од одлуката на Доналд Трамп да ги паузира царините на 90 дена.

 

 

4news.mk