Паника во Холандија – Екстремно отровна зелена мамба долга два метри побегна од заробеништво

Екстремно отровна зелена мамба долга два метри побегна од заробеништво во Холандија, објави полицијата, предупредувајќи ги жителите да останат дома и под никакви околности да не се обидуваат да ја фатат змијата.

Полицијата во јужниот град Тилбург соопшти дека сопственикот на мамбата синоќа ги предупредил дека една од змиите исчезнала.

Змијата е многу опасна. Каснувањето на зелената мамба е исклучително отровно. Во случај на каснување важно е веднаш да се побара лекарска помош, соопштија од полицијата.

Тие исто така истакнаа дека зелената мамба нема да нападне без причина и дека е малку веројатно ладнокрвниот рептил да излезе на отворено во студената холандска зима.

Тој сака темни и топли простори. Доколку ја најдете, ќе биде многу пасивна, се вели во полициското соопштение.

извор: Република