Папагалот Арес танцува со ветеринарите

 Папагалот по име Арес ги насмеа ветеринарите со својот танц во болницата за животни каде што беше однесен на лекување во Мерсин, известува Анадолу.

Бизнисменот Мустафа Енсалих го однел својот тригодишен папагал какаду во болницата за животни во централниот кварт Јенишехир поради паѓање на пердувите.

Сакајќи да го смират пред лекувањето, четворица ветеринари му вклучиле музика на папагалот Арес, кој сака да танцува.

Папагалот, кој почнал да се придвижува кога ја слушнал музиката и им се приклучил на танцот на ветеринарите, предизвикал насмевки кај луѓето што се наоѓале во болницата.

Ветеринарите со камера од мобилен телефон ги снимиле моментите кога Арес си поигрува со нив и видеото го споделиле на социјалните мрежи.

– „Секогаш кога доаѓа тука нѐ прави среќни“

Главниот лекар на болницата, Орхан Озбаба, за АА изјави дека Арес се истакнува со своите имитациски способности.

Изјавувајќи дека биле вклучени во лекувањето на папагалот, д-р Озбаба рече: „Видеото што го споделивме беше прегледано илјадници, дури и милиони пати. Сликите беа споделени дури и во САД и Русија. Тоа е прекрасно животно, многу хармонично. Нè исполнува со радост секогаш кога ќе дојде тука.“

Раскажувајќи дека се забавувале со папагалот, ветеринарот Олџај Салихлиоглулари додаде:

„За време на прегледот, забележавме движење кај Арес како ја ниша главата. Кога почна да ја ниша главата и ние почнавме да танцувавме и се појави прекрасна слика. Видеото многу нѐ расположи и го споделивме на социјалните мрежи. Папагалите од видот какаду навистина се многу добри во танцувањето. Имаше позитивни повратни информации. Луѓето навистина имаат потреба да бидат среќни и да гледаат забавни видеа од среќни луѓе.“

 

извор:АНАДОЛИЈА