Кина ги повика Соединетите Држави да покажат „взаемна почит“ во управувањето со трговските тензии, откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека трговскиот договор со Пекинг е „можен“.
Еден месец по неговиот мандат, Трамп се закани со огромни царини и за сојузниците и за противниците, вклучително и Кина.
Сепак, тој во средата посочи дека трговскиот договор со Пекинг е „можен“, додавајќи дека САД се согласиле на „голем трговски договор со Кина“ уште во 2020 година.
slobodnaevropa.mk