Пендаровски даруваше крв на хуманитарен настан во американската амбасада во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со синот Огнен, денеска даруваше крв на хуманитарен настан организиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Хуманитарниот настан за дарување крв и донирање храна, организиран во соработка со Црвениот Крст и Институтот за трансфузиологија, годинава се одржува по 15-ти пат во сеќавање на трагичните настани од 11 септември 2001 година.

са/Фото/видео: Кабинет на Претседател на РСМ .

Извор: МИА