Преку континуираната посветеност на целиот тим, низ технолошко развиен, напреден и софистициран процес, компанијата постигнува резултати кои се ценети на глобалниот пазар, придонесува за личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата.
За време на посетата, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.
Во разговорот со генералниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, претседателот бил информиран дека низ технолошки развиен, напреден и високо софистициран процес, фабриката произведува и делови коишто се вградуваат во најмодерните електрични и хибридни возила.
Претседателот Пендаровски бил информиран дека компанијата придонесува и на домашен план, поттикнувајќи личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата, а воедно разговарал и со млади инженери кои посетуваат тренинг во „Костал Македонија“.
maktel.mk