Вака ќе изгледа гласачкото ливче за првиот круг од претседателските избори на кој ќе се соочат седум кандидати за врвната позиција во земјава – така пресече денешната жрепка што се одржа во Државната изборна комисија. Број еден ќе биде актуелниот шеф на државата – Стево Пендаровски, број два – главниот негов предизвикувач – Гордана Силјановска-Давкова зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Трет на ливчето ќе биде актуелниот градоначалник на Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој од мината седмица се наоѓа на американската црна листа. Број четири е кандидатот на ДУИ – Бујар Османи кој речиси четири години е на чело на македонската дипломатија. До него, под број пет е професорката Билјана Ванковска која ја има поддршката на Левица. Број шест е кандидатот на опозицскиот блок на партиите на Албанците – градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари. Последната, седма позиција е за првиот човек на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.
Related Posts
Приведен криумчар на мигранти во Радовиш
На 12.03.2022 во 20.00 часот на локален пат покрај брана Мантово, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле…
МЛЕКАРА „БИТОЛА“ ЛАНИ СО ДОБИВКА ОД 2,4 МИЛИОНИ ЕВРА, „СУТАШ“ СО ЗАГУБА ОД 2,7 МИЛИОНИ – Како работеле другите?
Последниве недели особено станаа актуелни новите поскапувања на храната, а меѓу нив и на млечните проиводи. Цените постојано се корегираат,…
Композиторот Љупчо Константинов добитиник на 11- Октомвриската награда за животно дело
На свеченост во Собранието на Република Македонија денеска на истакнатиот композитор Љупчо Константинов му беше врачена Државната награда „11 Октомври“…