Фолк пејачката Лепа Брена одржала два концерта во Неделишќе, Хрватска. Фолк ѕвездата пеела во рамките на манифестацијата „Месап есен 2022“, а голем број нејзини обожаватели дошле да ја слушнат и видат.
Како што пишува хрватскиот портал „24сата“, салата била преполна, но поради проблеми со звукот посетителите не можеле добро да ја слушнат. Пејачката се обидела да го реши тоа, но не успеала.
На концертот на Брена дошле сите генерации, имало и деца, тинејџери, нивните родители, но и баби и дедовци. Според пишувањата на медиумите, на концертите на Брена присуствувале и голем број пензионери, а на едниот концерт поради нив реагирала и Брзата помош.
Имено, шестмина од нив паднале во несвест, додека еден пензионер бил со полна сила. Тој ја прескокнал оградата и се качил на бината. Обезбедувањето реагирало, но пејачката побарала да не го допираат, па тој останал на сцената и одблиску ја гледал Брена додека ги изведувала своите најголеми хитови.
24sata.hr