Пензионерка оставила се и платила за крстарење од 90.000 евра

Пензионираната учителка Шерон Лејн има 75 години и одлучила пензионерските денови да ги помине на брод за крстарење.

 

Поточно, таа одлучила да живее три години на море и да патува низ светот. Веднаш го продала најголемиот дел од своите работи, го откажала закупот на станот и се подготвила за живот на отворено море. Лејн не размислувала долго кога нејзината пријателка и кажала за тригодишното крстарење. Претходно често патуваше, а сега реши повторно да го разбуди својот авантуристички дух.

 

Нејзиното патување започнува во ноември, а ќе посети различни дестинации низ светот. Нејзиниот сон е да живее на брод, но голем проблем отсекогаш биле трошоците за таквиот начин на живот. Меѓутоа, сега одлучила дека може да заштеди и да ги добие потребните пари, но и да патува низ светот. Целото патување ќе ја чини 90.000 евра.

„Малку ја искушувам судбината, но знам дека ќе има место за мене кога ќе се вратам. Или можеби ќе останам и ќе живеам во друга земја. Не знам, небото е граница“, пензионери Лејн изјави за Си-Ен-Ен.

 

Пензионерката на тој начин зела мала кабина на брод за крстарење во која нема прозорци, а вели дека тоа не и е голем проблем бидејќи таму ќе спие само. Таа нема да ги пропушти активностите бидејќи бродот ќе застанува во 375 пристаништа низ светот, од Индија до Кина, па сè до Малдивите и Австралија. Лејн им препорачува на другите да одат некаде и да уживаат во животот, исто како неа.

 

„Немојте да бидете дома. Домот е местото каде што е срцето, но домот може да биде и таму каде што ја оставате капата. Качете се на брод, авион или влезете во автомобил и отпатувајте некаде“, рече таа.

 

 

index.hr