Петмина Косовци силувале 11 годишно девојче

Малолетничката која беше силувана од пет мажи во Приштина е 11-годишно девојче, изјавија извори од Основното обвинителство во Приштина, пренесува Коха.

Случајот се случил во саботата вечерта, а според информациите во периодот од 17.30 до 12.30 часот било силувано 11-годишно девојче.

По пријавувањето на силувањето во полиција, жртвата била пренесена во безбедна куќа.

Претходно денеска полицијата соопшти дека за овој случај се уапсени двајца осомничени, од кои едниот е малолетник.

Истрагата се уште е во тек.

извор: Коха

фото: Архива