Петмина повредени од Кочани се во критична состојба, деветмина од утре на домашно лекување

Петмина од повредените пацинети во пожарот во Кочани, кој се лекуваат надвор од државава и натаму се во критична состојба, информираше министерот за здравство Арбен Таравари. Останатите се стабилни, но состојбата на сите пациенти се следи. Во државава во моментов има 55 пациенти, а надвор од Македонија 115. Таравари вели од оние 55 кои се лекуваат во државава, кај 9 се прават последните прегледи и анализи и би требало во текот на утрешниот ден да бидат пуштени на домашно лекување. За оние кои се во странство пак, веќе е подготвен протоколот кој ќе биде доставен до министерството за надворшени работи , и оваа недела се очекува враќање на пациенти во клиниките во земјава.

„Во протоколот предвидовме 72 часа за пациентите кои што се враќаат во државава значи да бидат најавени, очекуваме среда или четвроток да се вратат привте пациенти….Протоколите се надевам ќе бидат објеавени. Ќе имаме специјални екиппи кои ќе работат со пациентите/ ќе се придржуваат на информациите за состојбата на пациентите. Нормално ќе има споецијална екипа, специјални возила што ќе ги пречекаат, првата тријажа ќе биде направена во болницата од каде се испуштени. А после ќе се сместуваат каде што треба…“

На клиника има 27 пациенти, 10 се хоспитализирани во клиниката Св. Наум Охридски, исто толку има и во ГОБ 8ми септември, и 8 пациенти се лекуваат во приватните болници во земјава. На 6 од десетте пациенти кои се лекуваат на универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, како што информираше директорот на клиниката им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници.

„Во однос на актуелната здравствена состојба на пациентите од болницата од која што доаѓам, а тоа е Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, во моментов се хоспитализирани 10 пациенти, од кои на шест е веќе направена трансплантација на кожа заради тоа што тие беа пациенти со највисок степен на изгореници, односно трет степен. Кај останатите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела според плановите кои што ги имаме, иако морам да повторам дека ситуацијата е многу флуидна и може да се смени од час во час, се планираат првите испусти за дома…“

Таравари вели најтешките пациенти кои се лекуваат надвор од Македонија се во Србија, Бугарија и Грција, и според него со оглед на состојбата, тоа се пациенти кои најдоцна би се вратиле во државава.

 

извор: канал 5