Нов поголем бран на врнежи од запад ни доаѓа веќе утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон сабота. Но овој пат кога ќе се потиснат многу постудениот воздух од север и потоплиот од југ, ќе дојде до локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Со заладувањето врнежите од дожд на планините и на Скијачките центри ќе преминат во врнежи од снег, во сабота врнежите ќе бидат многу послаби и локални, а снежната граница ќе се спушти до околу 700 – 800 метри надморска височина, со што сосема слабо и локално провејување на снег ќе има и во повисоките градови, а ќе биде и многу ветровито, со засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час). Само утре ветерот ќе биде од јужен правец, и повторно со засилен интензитет, најавѕва метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Related Posts
Ковачевски – Шолц: Јасната одлука за почеток на преговорите за Северна Македонија, е од стратешко значење за ЕУ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц во рамките на…
Вонредно метео известување: Обилните снежни врнежи продолжуваат и вечерва
Вечерва врнежите од снег кои ја зафатија нашата држава ќе продолжат и ќе се интензивираат насекаде. Насекаде се очекува формирање…
МЕТЕОАЛАРМ- Доаѓа ладен бран, нови обилни врнежи и силен ветер (над 70 км/час)
Почитувани мои, по краткотрајната стабилизација на времето која ја имаме, веќе од утре (петок) влегуваме во нов подолг период на…